
Интересна битка за шампионската титула очигледно ја очекува Македонија во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. Шкендија не успева да се одлепи на врвот, откако ремизираше со Силекс на домашен терен, што пак го искористија Шкупи и Македонија ЃП кои со победи сега се само на два бода од тетовци. Вардар во оваа рунда натпревари испушти победа на гостувањето против Пелистер.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 8. коло од сезоната 2020/2021 во Првата македонска фудбалска лига:
1. ДЕЈАН СИЛЈАНОВСКИ (БЕЛАСИЦА)
Одличен на голот на струмичани. Најзаслужниот за првиот освен бод на Беласица, извонредно бранејќи пред налетите на Ренова, па на крајот единствено мораше да „потклекне“ при ударот од белата точка.
2. АНГЕЛЧЕ ТИМОВСКИ (СИЛЕКС)
Квалитетен натпревар на Тимовски, максимално борбено во одбраната но и активно во офанзивата, еден од најзабележителните во редовите на кратовци во ремито против Шкендија.
3. МАРИО МАСЛАЌ (АК. ПАНДЕВ)
Сигурен, цврст, во одбраната, неутрализирајќи голем број напади на домашните фудбалери.
4. ЕСМИН ЛИЧИНА (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Сигурен во клучните моменти од натпреварот кога се одлучуваше победникот на мечот против Струга ТЛ.
5. ФИЛИП СТОЈАНОВСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Одличен натпревар на крилниот дефанзивец на битолчани, комплетно исполнителен на теренот, борбен во средниот ред. По неговиот центаршут од слободен удар, Чарлстон си постигна автогол за реми на битолчани во дербито против Вардар.
6. МИЛОВАН ПЕТРОВИЌ (ВАРДАР)
Беше еден од најзабележителните во средниот рад на вардарци, неутрализирајќи и голем број обиди на домашните за продор до гостинскиот гол.
7. СЕФЕР ЕМИНИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Максимално активен во средниот ред, контролор на играта, стрелец и на еден погодок за „лавовите“ во триумфот против Струга ТЛ.
8. БЕСАР ИСЕНИ (ШКУПИ)
Сигурна игра во средниот ред, комплетно носејќи ја играта на тимот во моментите кога се кршеше резултатот.
9. ДЕМБО ДАРБО (ШКУПИ)
Повторно најзабалежителниот на терен. Со два гола најзаслужниот за победата на чаирчани против Борец.
10. БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)
Одигра квалитетен натпревар, постојано опасен во нападот, постигна и убав погодок за водство на својот тим, но не успеа да и помогне на Шкендија да дојде до посакуваните три бода.
11. МАТЕЈ ЦВЕТАНОСКИ (ВАРДАР)
Стандардно веќе еден од позабележителните во вардаровиот состав. Постигна убав гол за водство на „црвено-црните“, кој не се покажа доволен на крајот за триумф.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Самуеле Ричи е првото големо засилување за Милан

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул
