
Франција одигра 1-1 против Унгарија во второто коло на Европското првенство во Будимпешта. Унгарија поведе пред 60.000 гледачи на Арената Пушкаш во судиското надоместување на првото полувреме со голот на Фиола, а бод за Французите донесе Гризман во 66. минута. Во групата се и Португалија и Германија.
Францускиот селектор Дидие Дешамп по мечот ги најде причините за киксот во тешкото време за игра.
„Во првото полувреме, наместо да водиме со 3-0, ние губевме со 0-1. Очигледно играњето дома, со полн стадион, им даде неверојатна сила на Унгарците. Денеска и временските услови не беа добри, температурите беа високи, беше тешко за игра. И покрај тоа, Унгарците држеа повисоко темпо од нас“, изјави Дешамп.
Стрелецот на голот за Франција, Антоан Гризман, истакна дека секој на Европското првенство е тежок за играње.
„Гледате дека е тешко дури и против Унгарија, така што ќе мора добро да се подготвиме за натпреварот против Португалија следната среда. Знаеме дека имаме клупа што може да направи разлика во кое било време за време на шампионатот. За победа, мора да бидеме цврсти како што бевме против Германија“, истакна Гризман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Сари: Лацио не заслужи пораз на дербито

Евро-фудбал
Серхио Бускетс става крај на кариерата

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)
