Поранешниот шпански репрезентативец Серхио Бускетс ја донел конечната одлука да стави крај на својата играчка кариера. 37-годишниот играч за врска ќе го објави тоа по завршувањето на сезоната во американската МЛС лига, во ноември или декември, во зависност од тоа дали неговиот Интер Мајами ќе се пласира во плејофот.
Неговиот актуелен договор со американскиот клуб важи до крајот на 2025 година, а оваа сезона Бускетс веќе одигра 37 натпревари и запиша седум асистенции.
Сметан за еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска во историјата, Бускетс мина 14 години во Барселона. Во дресот на каталонскиот гигант одигра над 700 натпревари и освои 32 трофеи.
За репрезентацијата на Шпанија има 143 настапи, а со „црвената фурија“ се закити и со титули на Светско првенство и на Европско првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal













