Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ја истакна надмоќта на својот тим против Манчестер Сити во дербито на „Етихад“, кое заврши 1-1.
„Еден бод е апсолутниот минимум што го заслуживме. Горд сум на моите фудбалери, на начинот на кој игравме и на тоа како доминиравме во речиси секој аспект. Многу сум разочаран што не победивме“, изјави Артета.
„Сити имаше една шанса – по корнер, втора – по противнапад, и трета – по наша изгубена топка. Тоа е сè. Да се задржи Сити на овој начин – капа долу за момците“, нагласи Шпанецот.
„Мислам дека игравме подобро отколку минатата сезона, кога победивме. Многу подобро“, категоричен беше Артета.
„Не можеме да го контролираме заостанувањето зад Ливерпул на табелата, тие победуваат на секој натпревар. Ќе биде многу тешко, но ако играме на вакво ниво, како против Сити, сè ќе биде во ред“, заврши стратегот на „топчиите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар се „лизна“ во Битола и освои само бод, а тоа го искористи Шкендија...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Мигел Пиреш (Силекс)
Силекс имаше доминантно издание во Кавадарци совладувајќи го Тиквеш на гости со 0-3. Тимот...
Автор makfudbal













