Изминатава рунда натпревари во Првата македонска фудбалска лига понуди неколку повеќе од возбудливи натпревари кои покренаа и сериозна полемика околу судењето на фудбалските терени во земјава. Во дербито на колото Шкендија повеќе од убедливо славеше против Вардар кој само демонстрираше уште еднаш дека оваа сезона е далеку од минатогодишното издание. Силекс дојде до победа против Работнички од 4-3 со контроверзен погодок во последните мигови од средбата, а интересно беше и во Велес каде Борец со 2-1 ја победи Македонија ЃП.
МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 9. коло од сезоната 2020/2021 во Првата македонска фудбалска лига:
1. БУРХАН МУСТАФА (БОРЕЦ)
Беспрекорен на голот на велешани, уште еднаш еден од најзаслужните за позитивниот резултат. Во 60. минута од средбата одбрани и пенал на гостите со што даде можност да се дојде и до триумфот потоа.
2. МЕВЉАН МУРАТИ (ШКЕНДИЈА)
Квалитетна партија на Мурати, одличен во дефанзивата но и постојано активен во офанзивните акции на тимот.
3. КЛИСМАН ЦАКЕ (СТРУГА ТЛ)
Сигурен, цврст во одбраната дефанзивецот на стружани. И покрај тоа што домашните немаа некоја посериозна задача во пресметката со Беласица, сепак максимално завршени обврски.
4. ХРИСТИЈАН ДРАГАРСКИ (ПЕЛИСТЕР)
Одбраната на Пелистер максимално позитивно си ја заврши задачата во пресметката со Ренова, а Драгарски одигра значајна улога за гостинскиот бод на својот тим.
5. АНТОНИО ПАВИЌ (ШКЕНДИЈА)
Комплетно активен на теренот, борбен, партиципирајќи и во голем број офанзивни акции на својот тим.
6. ФИЛИП МИЛЕНКОВСКИ (СТРУГА ТЛ)
Еден од најзабележителните во победата на Струга ТЛ против Беласица. Стрелец и на еден од погодоците во триумфот од 3-0.
7. ИВАН ИВАНОВСКИ (СИЛЕКС)
Силекс дојде до победа која очигледно уште долго ќе се анализира. Но, Ивановски, без разлика на се, одигра квалитетен натпревар со два постигнати погодоци и одлична игра на средината од теренот кои го издвојуваат во ова коло.
8. ФЛОРЕНТ РАМАДАНИ (ШКЕНДИЈА)
Го постигна својот деби-гол во дресот на Шкендија. Запиша прекрасен погодок и тоа токму во моментите кога беше најопходно за да се неутрализира предноста на „вардарци“.
9. ДЕМБО ДАРБО (ШКУПИ)
Веќе, без конкуренција, најдобриот поединец во македонскиот шампионат на стартот од новата сезона. Повторно стрелец за Шкупи и повторно за победа на својот тим.
10. ВАЛОН АХМЕДИ (ШКЕНДИЈА)
Најдобриот поединец на Шкендија во убедливата победа над Вардар од 5-1. Стрелец на два гола, вистински креатор на играта на тетовци.
11. ЃОРЃИ ЃОРЃИЕВ (БОРЕЦ)
Ја запечати победата на својот тим која во финишот од средбата ја донесоа резервистите. Но, со одличен индивидуален потег и за тоа време минато на теренот партиципираше во освојувањето значајни три бода на својот тим.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski