Шкупи е во победнички ритам, само два бода зад Шкендија во трката за врвот на табелата и сака да оствари нов триумф со кој за момент би се искачил и на првата позиција. Тимот од Чаир во саботниот дуел од Првата фудбалска лига го пречекува Силекс, кој по неколку „посни“ кола, се рехабилитираше и повторно се врати на патот на успесите. Но, денешниот меч со Шкупи ќе биде голем тест за избраниците на Горан Симов.
Чаирчани се мотивирани, а Сенегалецот Ламине Дијак вели дека размислуваат единствено за победа.
„Имаме три последовни победи и сакаме да продолжиме во таков ритам. Напорно е, немавме многу за одмор, но мораме да го следиме темпото и да се адаптираме. Посакуваме победа над Силекс, мотивирани сме за нов квалитетен натпревар и верувам дека ќе успееме да славиме. Знаеме дека ќе биде тешко, бидејќи Силекс по традиција е незгоден ривал за нас“, изјави Ламине Дијак за официјалниот сајт на клубот.
Натпреварот Шкупи – Силекс почнува во 14.30 часот, сите останати натпревари од десеттото коло во Првата фудбалска лига на програмата се утре.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal