
Со победа од 3-0 против Турција на отворањето на Европското првенство, репрезентацијата на Италија под водство на селекторот Роберт Манчини ја продолжи серијата без пораз на дури 28 натпревари.
Во случај Италијанците да не ги загубат преостанатите два натпревари во групата против Швајцарија и против Велс, Манчини ќе стигне до рекордот на Виторио Поцо, кој во 30-тите години на минатиот век на клупата на Италија, нанижа 30 натпревари без пораз.
Најдолгата серија без пораз „аѕурите“ ја остварија од ноември 1935 година до декември 1938 година, кога под водство на “Векио Масестра” одиграа 30 натпревари без пораз, со 24 победи и шест нерешени средби. Сепак, што е уште поважно, Италијанците освоија со Поцо две светски титули ( 1934, 1938) и олимписко злато (1936).
Последниот пораз под водство на Манчини сегашната Италија го претрпе во септември 2018 година во Лисабон против Португалија (0-1) во Лигата на нации, а потоа забележаа 23 победи и пет нерешени натпревари.
Манчини веќе собори еден рекорд на Поцо со спојување на 10 последователни победи. Поцо комбинираше девет победи по ред. Манчини го презеде италијанскиот тим во мај 2018 година и под негово водство Италија забележа 24 победи, седум нерешени средби и само два порази на 33 натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Млади репрезентации
Четири гола на Медин Емини, Македонија У16 ја победи Црна Гора со 5-0

Евро-фудбал
Рико Луис останува на „Етихад“ до 2030 година

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
