
Мачката Ахилеј е хит на Европското првенство. Тој се приклучи на друштвото на животните кои ги предвидуваат резултатите од натпреварите на големите фудбалски натпреварувања, светски и европски првенства.
Овој пат станува збор за мачка која се наоѓа во прес-центарот во Санкт Петербург и го предвиде исходот од вечерашниот прв меч меѓу Турција и Италија.
Ветеринарот Ана Кондратиева постави две чинии со храна, едното обележано со турско, а другото со италијанско знаме. Ахилеј, глувонема мачка, влета во садот со италијанско знаме.
Мачката Ахилеј има и свој официјален профил на Инстаграм, а ќе има уште три предвидувања за време на Европското првенство. Ќе ги предвидува натпреварите меѓу Белгија и Русија, меѓу Полска и Словачка и меѓу Финска и Русија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај во офанзива за Ким Мин-Јае

Евро-фудбал
Олимпик Марсеј сака да го врати Нејмар во Европа
