Connect with us

Марсело останува во Реал Мадрид до крајот на договорот

Бразилскиот интернационалец Марсело ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ и следната сезона. По разговорот со Флорентино Перез, левиот бек одлучи да го одработи до крај договорот кој има важност до јуни 2022 година.

Тој повеќе од една деценија го носи дресот на „кралскиот клуб“ и иако имаше најави дека можеби ова лето ќе следи разделба, сепак, постигнат е договор Марсело да остане во Мадрид.

Враќањето на Карло Анчелоти на тренерската позиција на Марсело му дава дополнителен мотив дека ќе има многу поголема минутажа во новата сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови