Connect with us

Дешамп може да си дозволи и таков луксуз: Остави дома селекција вредна 400 милиони евра

Селекторот на актуелниот светски првак Франција, Дидие Дешамп, има на располагање фантастична селекција во пресрет на ова Европско првенство, а интересно е дека имаше многу мака да ги одбере најдобрите, затоа што дома остави неверојатни фудбалери кои би можеле да играат речиси во секоја друга селекција на шампионатот.


Вториот тим на Франција, кој не доби шанса од Дешамп да биде дел од ЕВРО, има фантастична вредност од преку 400 милиони евра.

Првиот голман на Лидс, Илан Меслие пристигна од Лориен за 6.500.000 евра, моментно вреди 20.000.000 евра и е член на француската репрезентација до 21 година, но засега нема место за него во близина на Лорис, Манданда и Мањан.

Дајот Упамекано, кој потпиша за Баерн Минхен, ќе го ЕВРО на ТВ, а се работи за дефанзивец вреден 65 милиони евра. Стоперот на Лестер Сити, Весли Фофан, ќе го нема на европското шоу, а чини 40.000.000 евра.

Левиот бек на Реал Мадрид, Ферланд Менди, има вредност од 50 милиони евра евра, а ќе го нема ниту Тео Хернандез, кој има идентична вредност. Најскап десен бек со француски пасош кој не оди на ЕВРО е играчот на Лајпциг, Норди Мукиеле – 25.000.000 евра.

Дешамп можеби го има најдобриот среден ред во светот, но остави одлични фудбалери надвор од селекцијата.
Едуардо Камавинга, играчот од средниот ред на Рен, моментално вреди 55.000.000 евра, а фудбалерот на Тотенхем, Тангуј Ндомбеле има вредност од 50 милиони евра евра. Само седум мулиони поевтин е играчот на Лајпциг, Кристопер Нкунку.

Напаѓачкото трио Французи кои ќе останат дома би го зазеле своето место во 90% од репрезентациите во Европа, но не и во репрезентацијата на „триколорите“.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал (45 мил. евра) најверојатно ќе се најдеше на списокот, но тој сè уште не е доволно опоравен по повредата на лигаментите на коленото.

Напаѓачот на Арсенал, Александре Лаказет, постигна 13 гола оваа сезона во Премиер – лигата, но за него место на списокот на Диде Дешамп. Нема ниту за чудото од Леверкузен, Муса Дијаби, кој е еден од најбараните млади фудбалери во Европа, а има вредност од 38 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови