Францускиот интернационалец Кингсли Коман нема така лесно да излезе на крај со раководството на Баерн Минхен. Тој побара неверојатни 17 милиони евра годишна плата за да го продолжи договорот со баварскиот клуб, а челниците глатко тоа го одбија. Ова би значело Коман да се израмни со платата со најдобриот светски фудбалер за минатата сезона, Роберт Левандовски.
Агентите на Кингсли Коман најавија дека во тој случај ќе ја разгледуваат можноста за заминување на францускиот офанзивец од „Алијанц арена“. Но, веднаш стигна и одговор од Баерн Минхен дека отштетата што ја бара клубот изнесува 100 милиони евра.
За Кингсли Коман постои интерес од Манчестер Јунајтед и од Челси, но сигурно англиските премиерлигаши нема да се осмелат да ја платата оваа отштета.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













