Европскиот првак Челси е подготвен за реализација на еден од најголемите трансфери во последната деценија. Сопственикот Роман Абрамович одвоил 150 милиони фунти за ангажман на норвешкото голгетерско чудо Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.
Рускиот тајкун е восхитен од работата на германскиот стратег Томас Тухел кој по само шест месеци од доаѓањето на „Стемфорд бриџ“ успеа да го донесе трофејот од Лигата на шампионите. Сега сака да ја исполни неговата најголема желба и да го доведе Ерлинг Халанд во Челси.
Првата понуда на лодонскиот клуб, пакетот во кој се вклучени Теми Абрахам и Маркос Алонсо не им се допадна на „милионерите“, па во наредниот период ќе биде испратена нова во која Челси се согласува да плати 150 милиони фунти отштета. Ова треба да биде доволно за раководството на Борусија Дортмунд да се согласи за продажба на одличниот напаѓач.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal