
Италија и Турција вечерва (21 часот) во Рим го отвораат Европското првенство на Олимпискиот стадион во Рим.
Селекцијата на Роберто Манчини е во одлична форма, нема загубено на 27 натпревари по ред и ги доби сите десет натпревари во квалификациите за ЕВРО. Но, Манчини во пресрет на почетокот на шампионатот повикува на внимателност.
„Првиот натпревар е секогаш најтежок. Треба да се опуштиме и да се ослободиме од притисокот што го имаме како домаќини и тогаш сè ќе биде добро. Турција е селекција со талентирани играчи, но за нас тоа е само уште еден натпревар. Ние имаме одлични играчи и фантастичен тимски дух. Се забавуваме во националниот тим и ќе продолжиме да го правиме тоа. Убеден сум дека имаме се што е потребно за да се пласираме во финалето “, изјави италијанскиот селектор.
Манчини не е без проблеми пред натпреварот. Тој веќе долго време не може да смета на Марко Верати, а Лоренцо Пелегрини се повреди пред мечот, па на негово место веројатно ќе настапи Гаетано Кастровили.
Италија ги игра сите три натпревари од првата фаза во Рим. После Турција, „аѕурите“ ќе играат против Швајцарија во среда и четири дена подоцна против Велс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
