
Шкотскиот тренер Дејвид Мојес ќе потпише нов договор со Вест Хем. Иако се шпекулираше дека тој е на списокот на желби на неговиот поранешен клуб Евертон, Мојес реши да го продолжи престојот во Лондон.
Тој заслужи нов договор откако го предводеше Вест Хем до високата шеста позиција, а до самиот крај се бореше за место во Лигата на шампионите.
Вест Хем следната сезона ќе се натпреварува во Лигата на Европа, а Мојес ќе има можност да се докаже и во ова натпреварување.
Тој се стекна со слава на клупата на Евертон, подоцна не успеа да се снајде најдобро во Манчестер Јунајтед по пензионирањето на сер Алекс Фергусон, а пред да дојде во Вест Хем ги тренираше и Реал Сосиедад и Сандерленд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
