Шпанскиот интернационалец Диего Љоренте беше негативен на Ковид-19 во среда, откако беше позитивен претходниот ден, објави Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) ден пред почетокот на еврото.
„ПЦР – тестовите извршени во среда, 9 јуни, дадоа негативен резултат. Дополнителната анализа спроведена неколку часа подоцна го потврди резултатот “, се вели во соопштението на РФЕФ, во кое се претпоставува дека тестот направен во вторникот бил „лажно позитивен “.
Дефанзивецот на Лидс Јунајтед беше втор позитивен случај во шпанската фудбалска репрезентација откако во неделата вечер беше објавено дека е заразен капитенот Серхио Бускетс. Диего Љоренте беше ставен во изолација по првиот позитивен тест, но откако е објавено дека вториот тест е негативен, тој би можел да се врати во националниот тим кој првиот натпревар на ЕВРО го игра в понеделник во Севилја против Шведска.
„Фудбалерот повторно ќе биде тестиран со ПЦР во четврток и петок. Доколку резултатот е негативен, Диего Љоренте ќе се приклучи на националниот тим в петок попладне“, објаснува РФЕФ.
Другите играчи на „црвената фурија“ исто така ќе бидат тестирани и сите резултати ќе бидат познати во текот на денот. По објавата дека Бускетс и Љоренте се позитивни, шпанската влада одлучи да ја вакцинира целата репрезентација пред почетокот на ЕВРО.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal