Холандскиот фудбалски судија Дани Макели ќе го суди првиот натпревар на Европското првенство што ќе се одигра на 11 јуни во Рим меѓу Италија и Турција.
Макели судеше на натпреварот помеѓу Србија и Португалија во квалификациите за СП (2: 2) во март година кога дуелот беше обележан со контроверзна ситуација во финишот и не беше признат гол на Кристијано Роналдо во судиското продолжение.
Видеото покажа дека топката ја минала гол-линијата, но судијата не можеше да го провери тоа, бидејќи немаше ВАР технологија. Макели подоцна им се извини на португалскиот селектор и на фудбалерите.
Во досегашната кариера тој го судеше минатогодишното финале во Лигата на Европа меѓу Севилја и Интер (3-2).
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












