УЕФА објави дека ја запре постапката започната на 25 мај минатата година против клубовите членки на Суперлигата. Ова откако во Судот во Швајцарија донесе одлука дека Европската куќа на фудбалот не смее да изрече правни санкции против клубовите.
„По отворањето на дисциплинска постапка против Барселона, Реал Мадрид и Јувентус за потенцијално кршење на правилата на УЕФА поврзани со таканаречениот проект „Суперлига“, Апелациониот суд на УЕФА одлучи привремено да ја прекине постапката до нова одлука”, се вели во кусото соопштение на УЕФА.
Трите клуба кои не се откажаа од Суперлигата засега ќе останат без санкции.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












