
Италијанскиот калчолигаш Јувентус се обидува да го доведе бразилскиот напаѓач Габриел Хесус од Манчестер Сити, открива „Газета дело спорт“. Новиот тренер Масимилијано Алегри сака да ја зголеми конкуренцијата во нападот, а една од неговите желби е токму стрелецот на „граѓаните“.
Хесус веќе пет години е член на Манчестер Сити. Пристигна од Палмеирас за 33 милиони евра и на 195 настапи постигна 82 гола, а во Јувентус би можел да дојде како позајмен играч за претстојната сезона со обврска „старата дама“ потоа и комплетно да го откупи.
Засега не е јасно дали португалскиот ас Кристијано Роналдо дефинитивно ќе остане во Торино и следната сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
