Летниот преоден рок уште не е официјално ни започнат, 8 јуни е, а веќе го имаме еден од најнеочекуваните трансфери. Бразилецот Маикон, кој во јули ќе наполни 40 години, потпиша за клубот Тре Пене од Сан Марино, и ќе за овој тим во квалификациите за Конференциската лига.
Тој своевремено беше најдобар десен бек во светот, го носеше дресот на Интер заедно со Горан Пандев, а сега игра во Серија Д, свесен дека неговите најдобри години веќе поминаа. Но, Маикон и понатаму сака да продолжи да ужива во својата најголема страст – фудбалот.
Лука Нани, генерален секретар на клубот од Сан Марино, потврди дека посветеноста на фудбалерот е неверојатна и тој изразил желба да му помогне на Тре Пене следната сезона.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












