Леонардо Бонучи, дефанзивецот на италијанската репрезентација, ја пофали силата на групата на „аѕурите“ и смета дека заедништвото на соблекувалната е исто толку важна како и ѕвездите како Португалецот Кристијано Роналдо или Белгиецот Ромелу Лукаку.
„Ѕвезда во италијанскиот тим е групата. Немаме играчи од највисоко ниво како Кристијано Роналдо или Ромелу Лукаку, играчи кои прават разлика, но за нас групата е клучот на успехот. Мораме да покажеме тимски дух и со победи да ја вратиме среќата кај италијанскиот народ по негативното искуство на СП во Русија 2018, но и пандемијата на коронавирусот“, вели Бонучи.
Италија ќе го отвори Европското првенство в петок против Турција во Рим. Бонучи е уверен дека „аѕурите“ можат да одат и до самиот крај.
„Започнува една голема авантура, цела година го чекавме ова. Сакаме да одиме до крај. Точно е дека пред нас има селекции со поголемо искуство, можеби се чекор напред во однос на нас, но ние сме тука да се натпреваруваме и верувајте дека нема никогаш да се откажеме“, дополни Бонучи.
Тој вели дека посакува победа над Турција од 1-0 – на италијански начин.
„Сакаме победа. Тоа е најважно. Зошто да не биде и на италијански начин. Победата со 1-0 за нас секогаш причинува големо задоволство“, призна тој.
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












