
Хаким Зијеч дојде како големо засилување за Челси од Ајакс и потпиша договор до летото 2025 година, но не успеа да се наметне комплетно во лондонскиот клуб. Иако ја освои Лигата на шампионите оваа сезона, не е тајна дека не е многу задоволен од неговиот статус во клубот.
Зијеч не игра премногу откако Томас Тухел го презеде Челси и покажа желба да го напушти „Стемфорд Бриџ“ ова лето.
Мароканецот одигра 39 натпревари во сите натпреварувања, постигна шест гола и забележа четири асистенции. Сепак, тој повеќето од натпреварите ги започна на клупата.
Во Италија наголемо се најавува дека Милан сака да го донесе Зијеч на „Сан Сиро“ ова лето.
„Ла Газета дело Спорт“ објави дека Стефано Пиоли признал дека би сакал да го види Мароканецот во неговиот тим и им соопштил на клупските челници да се обидат да го донесат во летниот преоден рок. Милан преговара со Челси за уште двајца играчи, Фикајо Томори и Оливие Жиру.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Даглас Луис го засили Нотингем Форест

Евро-фудбал
Немања Матиќ се враќа во Серија А

Евро-фудбал
Баерн Минхен ќе го купи Џејдон Санчо?

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
