
Во пресрет на ЕВРО, престижниот „Л’Екип“ одлучи да го направи идеалниот тим составен од фудбалери кои ова лето нема да имаме шанса да ги гледаме на големото натпреварување.
Овој тим е составен од играчи кои не добиле покана за репрезентацијата што игра на Европското првенство и играчи чии тимови не успеале да се пласираат на завршниот турнир. Исто така, има неколку играчи кои беа принудени да го пропуштат ЕП поради повреди.
Јан Облак (Словенија) е на голот, додека Трент Александар-Арнолд (Англија), Серхио Рамос (Шпанија), Вирџил ван Дајк (Холандија) и Тео Хернандез (Франција) се во одбраната.
Силна конкуренција има и во средниот ред каде што се Едуардо Камавинга (Франција), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Србија), Доминик Шобошлаи (Унгарија) и Марко Ројс (Германија).
Во нападот „Л’Екип“ реши да ги вклучи Златан Ибрахимовиќ (Шведска) и Ерлинг Халанд (Норвешка).
Ибрахимовиќ се врати во репрезентацијата на Шведска по пет години и сакаше да игра на Европското првенство, но се повреди на самиот крај на сезоната во Серија А.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти
