
Репрезентативниот голман Даниел Божиновски доби позитивен тест на Ковид-19 и нема да биде во составот на македонската А репрезентација за ноемвриските натпревари против Грузија (12. ноември), Естонија (15. ноември) и Ерменија (18. ноември).
Голманот на Силекс во неделата при пристигнувањето во Скопје беше подложен на тестирање, а веднаш откако му беше потврден позитивниот резултат го напушти хотелот, без да има контакт со останатите лица од репрезентацијата, стручен штаб или фудбалери.
„За жал, позитивен сум на коронавирус и ќе мора да поминам одреден период во карантин. Немам симптоми, но принуден сум да бидам изолиран од соиграчите во следниот период. На репрезентативните колеги им посакувам многу среќа и успех во намерата да се избориме за пласман на Европско првенство. Јас ќе бидам еден од најголемите поддржувачи“, изјави Даниел Божиновски за официјалниот сајт на ФФМ.
Само неколку часа претходно, Даниел Божиновски одигра првенствен натпревар за Силекс против Македонија ЃП (0-3). Дали сега двата тима ќе треба да заминат во десетдневен карантин?! Секако ќе треба веднаш сите актери да бидат тестирани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
