Connect with us

Југослав Тренчовски вторпат заминува од кормилото на Академија Пандев

Академија Пандев доживеа голем шок во струмичкото дерби против Беласица. На отворањето на сопствениот комплекс, загуби од Беласица со 1-2. Младиот голман Марко Алчевски имаше две лоши интервенции, а тоа вторпат го чини заминување од функцијата шефот на стручниот штаб Југослав Тренчовски. 

Тој ја стартуваше сезоната како тренер на Академија Пандев, замина поради лошите резултати, а беше ангажиран Александар Таневски, екс-кормиларот на Македонија ЃП. Но, и тој брзо „изгоре“, поднесе оставка, а повторно се врати Југослав Тренчовски да го гасне пожарот. Сепак, не успеа во тоа, па раководството на Академија Пандев ќе мора да бара друго решение во овој период на репрезентативна пауза. 

  

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови