Франк де Бур, селектор на холандската репрезентација, му забранил на Џорџинио Вајналдум да ги мине медицинските прегледи кои ги закажала Барселона, пренесуваат холандските медиуми.
Де Бур, наводно, ќе му дозволи на Вајналдум да ги помине лекарските прегледи само по завршувањето на Европското првенство ова лето. Тренерот ги потсетил своите фудбалери дека нивниот фокус треба да биде насочен кон претстојното натпреварувањето, а не кон можните трансфери.
Во меѓувреме, беше објавено дека каталонците планираат да го испратат нивниот медицински персонал за да ги изврши прегледите на Вајналдум додека тој е со националниот тим. Се очекува играчот од средниот ред да го напушти Ливерпул како слободен агент и да потпише тригодишен договор со Барса.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













