
Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед вечерва во Гдањск го игра финалето на Лигата на Европа против шпанскиот претставник Вилјареал. Тоа ќе биде можност англискиот тим по подолг период да освои европски пехар. Би бил втор за „црвените ѓаволи“ во Лигата на Европа, по оној во 2017 година.
Менаџерот Оле Гунар Солекјер се надева дека ова финале ќе биде пресвртна точка и преод во една нова победничка ера на европска сцена на клубот на „Олд Трафорд“.
„Ова ќе биде голема вечер за нас, го посакуваме трофејот во Лигата на Европа. Имаме млад тим кој работеше напорно во изминатиот период и пехарот треба да биде награда за големиот труд. Но, треба да го направиме и завршниот чекор. Се надевам дека ова е почеток на нешто големо и дека доаѓа нова победничка ера на Манчестер Јунајтед во Европа“, изјави Солскјер.
Манчестер Јунајтед важи за фаворит во финалето, но Вилјареал кој од клупата го предводи Унаи Емери, специјалистот за трофеи во Лигата на Европа, секако не е за потценување.
Финалната пресметка во Лигата на Европа е закажана за вечерва на стадионот во Гдањск, со почеток од 21 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Коста Манев, големо засилување за Беласица

Прва лига
Нигериецот Олатунбосун го засили Арсими

Евро-фудбал
Блесна „десетката“ крај името на Мбапе (ФОТО)

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Сандро Тонали во Серија А

Интернационалци
Јани Атанасов потпиша за Лариса

Прва лига
Стефан Лазаревиќ замина од Работнички
