Фудбалерите на Шкендија вечерва го одработија официјалниот тренинг на Националната Арена во Букурешт, каде утре ќе се обидат да го завршат започнатото и да обезбедат историски пласман во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Со победата од 1-0 на првиот меч во Скопје, шампионот на Македонија покажа дека знае како да се носи со екипи од рангот на ФЦСБ – тим со богата историја и европска титула во својата витрина.
Но, атмосферата во таборот на Шкендија е исполнета со мир, самодоверба и свест за предизвикот кој ги очекува.

Стручниот штаб и играчите покажаа голема дисциплина и фокус на тренингот, свесни дека утрешниот натпревар бара максимум. Поддршката од навивачите, но и храброста стекната од првиот дуел, им дава дополнителен мотив да одат уште еден чекор напред.

Натпреварот ФЦСБ – Шкендија се игра утревечер, со почеток од 19:30 часот на Националната арена во Букурешт.

-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













