Манчестер јунајтед и Њукасл се во директни преговори со агентите на напаѓачот на Лајпциг, Бењамин Шешко, пренесува „Скај Спортс“.
Двата англиски клуба веќе ги презентирале своите спортски проекти и финансиски услови пред тимот на словенечкиот репрезентативец. Сега одлуката е во рацете на самиот играч и неговите менаџери, а дури потоа би следеле официјални понуди кон Лајпциг. Засега, Њукасл покажува поголема активност во разговорите.
„Чавките“ се под притисок, бидејќи нивниот прв напаѓач Александер Исак веќе ја информирал управата дека сака трансфер во Ливерпул.
Шешко е планиран како негова директна замена, а финансиски клубот има поголема флексибилност – досега вложи само во Ентони Еланга, кој пристигна од Нотингем Форест за 60 милиони евра.
Од друга страна, Манчестер јунајтед исто така е во потрага по врвен централен напаѓач, но поради тоа што веќе инвестираше околу 150 милиони евра за Матеус Куња и Брајан Мбеумо, клубот ќе мора најпрво да се ослободи од неколку фудбалери за да има простор за нови големи засилувања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Едерсон го „зацрни“ Фенербахче (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Интер со крупни чекори ита кон Скудетото (ВИДЕО)













