Фудбалскиот клуб Беса и официјално се повече од натпреварувањето во Втората лига. Ова значи дека ФФМ на утрешната ждрепка ќе треба да вклучи друга екипа.
„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја известува јавноста дека ФК БЕСА 1976 АД од Добри Дол официјално ја пријави својата одлука да не настапува во Втората македонска фудбалска лига во сезоната 2025/2026.
Клубот ќе достави и формално писмено известување од Бордот на директори со детално образложение за причините зад оваа одлука.
Во следниот период, ФФМ ќе ја разгледа ситуацијата и ќе донесе одлука како ќе се постапи со слободното место во лигата.
Конечната одлука ќе биде соопштена пред извлекувањето на распоредот за новата сезона, кое е закажано за 30 јули 2025 година“, истакнаа од Фудбалската федерација на Македонија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal













