
Тренерот Диего Симеоне наскоро би можел да потпише договор за продолжување на соработката со Атлетико Мадрид, објавија шпанските медиуми, ден откако клубот под водство на аргентинскиот стратег ја освои шпанската титула.
Симеоне има важечки договор со Атлетико до лето 2022 година, а според шпанските медиуми, клупското раководство му нуди продолжување на соработката за уште две дополнителни години.
Разговорите за продолжување на соработката биле иницирани од раководството уште пред крајот на сезоната со цел да му покажат на Симоне дека се задоволни од неговата работа.
Симеоне дојде во Атлетико Мадрид на крајот од 2011 година од редовите на аргентинскиот клуб Расинг. Со Атлетико ја освои шампионската титула и во 2014 година, шпанскиот Куп една година порано, како и по два трофеи во Лига Европа и Суперкупот на Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Славчо Војнески нов тренер на саудискиот Ал-Оробах

Евро-фудбал
Пауло Дибала останува во Рома и во новата сезона

Евро-фудбал
Шешко е блиску до трансфер на “Олд Трафорд”
