
На последниот ден од сезоната во Англија, најинтересно ќе биде во трката за пласман во Лигата на шампионите. Титулата одамна е во рацете на Манчестер Сити, а Манчестер Јунајтед е втор по вторпат во последните четири години.
Сè е познато на дното, Шефилд, ВБА и Фулам се вратија во Чемпионшип.
Сепак, ќе има многу возбуда во трката за ЛШ. Челси, Ливерпул и Лестер ќе се борат за две места во Лигата на шампионите, Вест Хем, Тотенхем и Евертон за Лигата на Европа, додека Арсенал и Лидс Јунајтед можат да се пласираат во новоформираната Конференциска лига.
Прво Лигата на шампионите. Исходот од средината на неделата е таков што Лестер се лизна од четирите најдобри, по освојувањето на пехарот во ФА купот, откако доживеа пораз од Челси. За првпат од декември тие не се на место што води во Лигата на шампионите и како да се повторува историјата од минатата сезона. Минатата година ги загубија последните два меча и Челси замина во елитата.
Сега „лисиците“ гледаат не само кон Челси, туку и кон Ливерпул. Досегашниот шампион веќе се помири дека нема да биде дел од Лигата на шампионите, но тие забележаа четири победи по ред, против Саутемптон, Манчестер Јунајтед, ВБА и против Барнли и се вратија на позиција каде што ќе одлучат сами, во последното коло против Кристал Палас.
Иако ги имаат истите бодови како Лестер, одлучува гол-разликата, а тие се за четири погодоци подобри. Тешко дека Лестер може да го достигне тоа на денешниот последнен ден кога „црвените“ го пречекуваат Кристал Палас, а „лисиците“ се домаќини против Тотенхем. Но, и двата клуба се надеваат дека ќе се сопне Челси. Ако тимот на Тухел загуби од Астон Вила, тогаш и Лестер и Ливерпул одат во Лигата на шампионите, на штета на „сините“. Челси има 67 бода и е трет ако победи. Ако ремизира, а Ливерпул и Лестер победат, работата е идентична, тие ќе бидат петтопласирани.
Тоа не значи дека тимот на Тухел не би можел во Лигата на шампионите како петти, во случај да го освои пехарот во Порто против Манчестер Сити во финалето на ЛШ. Така, Англичаните би имале максимален број претставници во Лигата на шампионите, пет.
Сите натпревари од последното коло во Премиер – лигата се играат во 17 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти

Интернационалци
Тихо Костадинов потпиша за Сигма Оломук

Прва лига
Пелистер се раздели со Срѓан Захариевски

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи
