Поранешниот младинец на Барселона, Адама Траоре, нема да ја искористи можноста да се врати во каталонскиот состав ова лето и ќе потпише нов договор со Вулверхемптон.
Веќе некое време се шпекулира дека шпанскиот репрезентативец повторно е ставен на листата на можни заслиувања за тренерот Роналд Куман во летниот преоден рок. Сепак, 25-годишниот играч ќе го продолжи својот тековен договор со „волците“ до 2025 година, без разлика на заминувањето на Нуно Еспирито Санто од кормилото на клубот.
Оваа одлука не би требало да и наштети на Барселона, со оглед дека се очекува летна револуција во нивните редови во следните неколку месеци. Во јуни, ќе пристигнат Серхио Агуеро и Мемфис Депај како слободни агенти, откако дуото веќе успеа да се договори со клубот од „Камп Ноу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













