Тиквеш сезоната во Втората лига – Исток ја финишира на второто место и со тоа ќе има можност преку бараж после долги години да се врати во Прва лига. Кавадарчани имаа за цел уште од самиот старт на сезоната враќање во Прва лига, но борбата за прво место со Брегалница ја загубија со што „сините“ се нов прволигаш, додека екипата од Кавадарци ќе игра бараж натпревар.
Можни противници за Тиквеш ќе бидат Силекс/Академија Пандев или Ренова. Двете екипи во последното коло од Првата лига кое се игра в недела ќе решаваат дали ќе го избегнат баражот и со тоа ќе обезбедат сигурен опстанок. Академија Пандев е во поповолна ситуација бидејќи игра на домашен терен и против Борец кој веќе обезбеди сигурен опстанок, па притисок кај велешани ќе нема, а тоа ќе биде уште една поволна причина за „пандевци“ да ги грабнат трите бодови.
Силекс на домашен терен ќе игра против Струга Трим Лум која ќе биде под силен притисок дома да се врати со трите бода, бидејќи само на тој начин ќе го сочува третото место и ќе обезбеди „виза“ за излез кон Европа бидејќи Македонија ЃП има „загарантирани“ три бодови од Вардар. Кратовчани за да обезбедат сигурен опстанок најпрво ќе мора да обезбедат трите бодови против стружани и да се надеваат на „кикс“ на Академија Пандев.
Има реални шанси Тиквеш да се соочи во баражот и со Силекс и да гледаме реприза на бараж натпреварот од пред три сезони, кога Силекс со 3-2 го совлада Тиквеш и така го задржа прволигашкиот статус. Ренова која треба да игра бараж за опстанок во Прва лига, се соочува со можен дуел против Охрид/Велешта.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski