
Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, е меѓу кандидатите за клупата на Јувентус, пишува „Кориере дело спорт“. Иако Павел Недвед вчера во италијанските медиуми истакна дека Андреа Пирло ќе остане тренер на „старата дама“, сепак, сега сосема поинакви информации доаѓаат од Апенините.
Јувентус ги разгледува опциите за наследник на Пирло, а заедно со Зинедин Зидан и со Масимилијано Алегри, чие име е најспоменувано, тука е и Синиша Михајловиќ.
Според „Кориере“, Михајловиќ и Јувентус стапиле во контакт пред неколку недели. Раководството на „старата дама“ многу го цени српскиот стручњак и се верува дека неговиот темперамент може да донесе мир во соблекувалната која изобилува со ѕвезди и играчи од светска класа.
Јувентус дефинитивно не сака да повтори ваква сезона. Во моментов се бори за обезбеди пласман во Лигата на шампионите и заостанува еден бод зад Наполи во трката.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
