Connect with us

Вучиќ: Ќе ја уапсиме целата мафијашка банда во фудбалот во Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави борба на државата против организираниот криминал во српскиот фудбал. Пред неколку седмици оставка на позицијата прв човек на ФСС поднесе Славиша Кокеза, откако беше приведен на информативен разговор во Службата за борба против организираниот криминал. Во последните неколку кола на виделина излегоа неколку „наместени натпревари“ во српскиот фудбал за што сугерираше и УЕФА.


„Бев на состанок со Министерството за вантрешни работи и со Безбедносната информативна агенција, разбраа зошто сум таму. И сега ви кажувам, ќе ја уапсиме целата мафијашка банда од фудбалот, царината, сите комплетно. Како не им е срам да свират пенали на кои им се смее целиот свет. Ќе воспоставиме ВАР-систем, па нека погледнат потоа како ќе изгледа нашето првенство. Дали ќе играат „три за три“ и дали некои клубови ќе изгледаат како да се Манчестер Сити или Пари Сен Жермен“, изјави српскиот претседател во емисија на телевизија „Пинк“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови