Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, оцени дека неговите фудбалери одиграле добро на синоќешниот натпревар против Манчестер Сити и покрај поразот од 2-0 и елиминацијата. Францускиот првак остана без пласман во финалето во Лигата на шампионите, а Покетино истакна дека „светците“, сепак, немале среќа.
„Игравме како што се договоривме. Почнавме добро, доминиравме, создававме шанси, а малку екипи можат да доминираат против Манчестер сити. Понекогаш треба да имате и малку среќа во одредени моменти“, изјави Покетино.
„Тие постигнуваа голови, кога ние игравме висок пресинг. Му честитам на Манчестер Сити на фантастичната сезона, а воедно горд сум на своите играчи. Секако дека е лошо што не можевме да сметаме на Килијан Мбапе, но тоа не може да ни биде алиби“, дополни тренерот на францускиот првак.
Манчестер сити со двата гола на Ријад Махрез, во 11. и во 63.минута го совлада ПСЖ во реванш полуфиналниот натпревар и со вкупен резултат од 4-1 за првпат обезбеди пласман во финалето на ЛШ. За противник ќе го има подобриот од вечерашната пресметка меѓу Челси и Реал Мадрид.
Финалето ќе се игра на 29 мај на стадионот „Ататурк“ во Истанбул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас













