Connect with us

Македонските фудбалерки во група со Англија во квалификациите за СП 2023

Женската фудбалска репрезентација на Македонија ќе игра против селекциите на Англија, Австрија, Северна Ирска, Летонија и на Луксембург во квалификациите за СП 2023. Европските квалификации за Светскиот ФИФА куп за жени во 2023 година започнуваат до крајот на годината во девет квалификациски групи.


Во квалификациите за Светскиот куп ќе учествуваат рекордни 51 репрезентација, поделени во шест групи од шест тимови, три групи од пет селекции, а натпреварите ќе се играат од септември 2021 година до септември 2022 година.


Победниците од деветте квалификациски групи ќе се пласираат директно на финалниот турнир во Австралија и Нов Зеланд.

Второпласираните во групите учествуваат во плеј-оф кои ќе се игра во октомври 2022 година.


Група А: Шведска, Финска, Република Ирска, Словачка, Грузија
Група Б: Шпанија, Шкотска, Украина, Унгарија, Фарски Острови
Група Ц: Холандија, Исланд, Чешка, Белорусија, Кипар
Група Д: Англија, Австрија, Северна Ирска, Македонија, Летонија, Луксембург
Група Е: Данска, Русија, Босна и Херцеговина, Азербејџан, Малта, Црна Гора
Група Ф: Норвешка, Белгија, Полска, Албанија, Косово, Ерменија
Група Г: Италија, Швајцарија, Романија, Хрватска, Молдавија, Литванија
Група Х: Германија, Португалија, Србија, Израел, Турција, Бугарија
Група И: Франција, Велс, Словенија, Грција, Казахстан, Естонија

Квалификациска групна фаза:
13 – 21 септември 2021 година
18 – 26 октомври 2021 година
22 – 30 ноември 2021 година
4 – 12 април 2022 година
29 август – 6 септември 2022 година

Плеј-оф:
3 – 11 октомври 2022 година

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови