Лидс Јунајтед ремизираше без голови на „Иланд Роуд“ против Манчестер Јунајтед и ја сопре победничката низа на „црвените ѓаволи“. Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски беше стартер во тимот на Лидс и го одигра целиот меч, одлично носејќи се со ривалите.
Мејсон Гринвуд беше најголемата опасност кон голот на Лидс, а од слободен удар се закани и Бруно Фернандеш. Сепак, мечот заврши без голови.
По ова реми, Лидс Јунајтед се наоѓа на десеттата позиција со 46 бода, а Манчестер Јунајтед е второпласиран со 66 бода.
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement