Александар Васоски е нов тренер на Академија Пандев. По разделбата со Вардар тој вчера се договори за 18-месечна соработка со струмичкиот прволигаш и ќе почне со работа на стартот од 2021 година. Вели дека Академија Пандев има одлични услови за работа, за него е тоа голем предизвик и ќе се вложи максимално за тимот да го освои Купот на Македонија.
„Академија Пандев има прекрасен комплекс, одлични услови за работа, а тимот има добра структура и голем потенцијал. Ќе се обидеме да доведеме 3-4 засилувања, главна цел ни е да го освоиме Купот на Македонија и да обезбедиме опстанок во прволигашкото друштво, по можност да го избегнеме и баражот, со оглед на сегашната позиција на тимот на табелата“, изјави Александар Васоски.
Академија Пандев по есенскиот дел од првенството се наоѓа на 11. позиција на табелата со 17 освоени бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













