
Ливерпул пропушти триумф против Њукасл (1-1) и само ремизираше на „Енфилд Роуд“ пропуштајќи да се искачи на четвртото место на табелата во Премиер – лигата. Њукасл успеа да израмни во петтата минута од судиското продолжение со голот на Џозег Вилок.
Мохамед Салах по подолг период успеа да постигне гол, а тоа го стори уште во третата минута. По ова, Ливерпул имаше уште неколку шанси на овој меч, но Салах, Мане, Фирмино и останатите беа многу неефикасни. На крајот ги стигна казната.
Њукасл во судиското продолжение прво постигна гол за израмнување преку Калум Вилсон, но по прегледување на ВАР-снимката не беше признат поради игра со рака на гостинскиот напаѓач. И во петтата минута од судиското продолжение Вилок сепак на регуларен начин ја затресе мрежата на Алисон Бекер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
