
Фудбалерите на Манчестер Сити немале пријатен сон синоќа во Дортмунд затоа што фановите на Борусија се потрудиле дури трипати во текот на ноќта да ги будат со различни пиротехнички средства. Навивачите на „милионерите“ нема да можат вечерва да присуствуваат на „Сигнал Идуна Парк“, но се погрижија на поинаков начин да му помогнат на својот тим.
Организирано, иако е период на пандемија од коронавирус и не се дозволени големи групирања, навивачите на Борусија Дортмунд дошле пред хотелот каде престојуваат фудбалерите на Манчестер Сити и со навивачки песни, но и со пиротехнички средства правеле врева во два часот по полноќ, а потоа и во пет часот наутро, а третиот пат во шест наутро.
Ова е обид за Кевин де Бруин и останатите фудбалери на „граѓаните“ да останат без сон и да не се чувствуваат пријатно во пресрет на вечерашниот меч. Манчестер Сити има предност од 2-1 по првиот натпревар против Борусија Дортмунд одигран на „Итихад“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марио Илиевски се пресели во Косово – потпиша за Приштина

Втора лига
Брегалница Штип добива турски сопственици

Интернационалци
Доријан Бабунски потпиша за унгарскиот тим Ниреѓихаза

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
