
Македонскиот прволигаш Работнички закажа шест пријателски натпревари преку кои ќе ја темпира формата за пролетниот дел од првенството во Првата лига. „Романтичарите“ првиот тест ќе го имаат на 20.јануари против Борец, а три дена подоцна ќе спарингуваат со второлигашот Тетекс.
На 26. јануари тимот ќе замине на подготовки во Охрид, а ден подоцна е закажан тестот со Ренова. На 30.јануари Работнички ќе одигра пријателски натпревар против Струга Трим Лум, на 3. фавруари ривал ќе биде Пелистер, а последната контрола пред стартот на пролетниот дел од шампионатот ќе биде на 6.февруари, против тимот на Тиквеш.
Работнички досега во зимскиот преоден рок доведе шест засилувања во составот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
