Ханси Флик се издигна како еден од најдобрите европски тренери откако го презеде кормилото на Баерн Минхен во 2019 година, помагајќи им на баварците да освојат неверојатни шест титули минатата сезона.
Поради тоа, германската фудбалска федерација, го идентификува токму него како потенцијален наследник на Јоаким Лев, кој ќе се повлече од улогата на селектор по Европското првенство, а ова го потврди и легендата на клубот од “Алијанц Арена”, Лотар Матеус во интервју за “Скај Германија”.
“Ова беше последниот натпревар на Ханси Флик во Лигата на шампионите како тренер на Баерн. Германската фудбалска федерација го гледа како првиот избор за наследник на Лев. Тој ќе ја прифати понудата ова лето.“
Сепак, на прашањето за неговата иднина, Флик во едно скорешно интервју не беше така сигурен околу преземањето на националниот тим.
“Имам договор со Баерн, но секогаш размислувам за иднината, за тоа како стојат работите, дали сè оди добро тука. Моето семејство ме поддржува, без разлика на тоа која ќе биде мојата одлука, и дали ќе станам тренер на Германија.”
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













