Connect with us

Џибрил Сисе на 39 години му се врати на фудбалот

Францускиот напаѓач Џибрил Сисе реши да му се врати на фудбалот на 39 години, две години откако претходно одлучи да се пензионира во дресот на швајцарскиот Ивердон. Тој потпиша договор со Панатинаикос од Америка. Тоа е нов тим формиран во периодот на пандемијата со коронавирусот и се натпреварува во четвртата лига во Соединетите Американски Држави.

Панатинаикос е новоформиран клуб од Чикаго, а Џибрил Сисе во кариерата играше и за Панатинаикос од Атина. Ова ќе биде негов 13. клуб во кариерата. Играше и за Ливерпул, Оксер, Лацио…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови