Поранешниот тренер, Масимилијано Алегри, наводно, го советувал претседателот на Јувентус, Андреа Ањели да го продаде Кристијано Роналдо.
“Ослободете се од Роналдо, го блокира развојот на фудбалерите и на целиот тим”, рекол Алегри пред да си замине од кормилото на “старата дама”, како што тврдат италијанските медиуми.
Договорот на Роналдо истекува во 2022 година, но се верува дека напаѓачот ќе се состане со клубот по крајот на сезоната за да разговара за неговата иднина.
Масимилијано Алегри се најавува и дека можеби повторно ќе седне на клупата на Јувентус од следната сезона, иако постои можност да го преземе и лутиот ривал Интер доколку замине Антонио Конте.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













