Connect with us

Покетино: Баерн е најдобриот тим во светот, ништо не е готово

Пари Сен Жермен успеа да го победи Баерн Минхен со 2-3 на „Алијанц арена“ и има голема предност пред вечерашниот реванш меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Но, тренерот Маурисио Покетино предупредува дека ништо не е готово, затоа што Баерн е најдобриот тим во светот.


„Баерн Минхен е најдобриот тим во светот во моментов и имаме огромна почит за нив. Тие можат да се вратат и од невозможни ситуации. Сепак, ја имаме потребната самодоверба и ќе сториме за да стигнеме до победа и на вечерашниот натпревар“, изјави Покетино.

Капитенот Маркињос нема да биде во составот, па лентата ќе ја носи Преснел Кимпембе.

„Ќе биде голема работа да го елиминираме Баерн Минхен, тие се најдобриот тим во Европа. Но, имаме убав резултат од првиот меч и треба да сме максимално фокусирани за да оствариме пласман во полуфиналето“, изјави Кимпембе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови