
Португалскиот стратег Жозе Мурињо има план повторно да соработува со белгискиот интернационалец Маруан Фелаини. Тој сака сака да го доведе во Тотенхем во летниот преоден рок.
Мурињо и Фелаини соработуваа одлично во Манчестер Јунајтед, а потоа Белгиецот се пресели во Кина каде настапува за Шандонг Лунинг. Но, сега е подготвен да се врати во Европа, а Мурињо планира да ја искористи ситуацијата и да го донесе во Тотенхем.
Фелаини има договор до крајот на годината, но Шандонг би го ослободил и претходно, и тоа без обештетување.
Англиските медиуми тврдат дека и Фелаини е согласен за трансфер во Тотенхем и враќање во Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal