Connect with us

Тренерот на Ајнтрахт Франкфурт од следната сезона на клупата на Борусија Менхенгладбах

Ади Хутер, актуелниот тренер на Ајнтрахт Франкфурт, од следната сезона ќе седне на клупата на Борусија Менхенгладбах. Тој ќе биде наследник на Марко Росе, кој ќе се пресели во тимот на Борусија Дортмунд.

„Воодушевени сме што Ади Хутер одлучи да ни се придружи“, изјави Макс Еберл, спортскиот директор на Борусија Менхенгладбах.

Хутер има одлична сезона со Ајнтрахт Франкфурт и го води тимот кон пласман во Лигата на шампионите. Борусија Менхенгладбах се наоѓа на осмото место и потклекна во трката за излез на европска сцена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови