Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, е позитивен на коронавирусот, објави шпанскиот клуб. Тој добил позитивен тест на Ковид-19 и веднаш е ставен во домашна изолација. Рамос од трибините на стадионот „Алфредо ди Стефано“ го гледаше големото дерби „Ел Класико“, а на последното тестирање добил позитивен тест на коронавирусот.
Капитенот на „кралевите“ има повреда на мускулот и секако не може да му помогне на тимот на Зинедин Зидан. Сега ќе мора и да остане во изолација се додека не добие два негативни теста на Ковид-19.
Рафаел Варан, кој исто така беше позитивен, доби еден негативен тест и се очекува уште еднаш да биде потврдено дека го надминал коронавирусот за да се врати во тимот за претстојниот меч против Хетафе во Ла Лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













