
Фудбалерот на Евертон, Жан – Филип Гбамин, нема среќа со повредите. Тој долг период отсуствуваше поради повреда на мускулот и на Ахиловата тетива, дури 19 месеци беше надвор од теренот, а кога доби шанса за настап, повторно се повреди.
Англискиот премиерлигаш Евертон го доведе како големо засилување за средниот ред, плати 25 милиони евра на Мајнц за неговиот трансфер, а тој во првата сезона одигра само два натпревари. Тој доби шанса на мечот против Кристал Палас и повторно заработи сериозна повреда. Го повреди медијалниот лигамент на коленото и за него сезоната е завршена.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement